Создавањето на услови за фер и демократски натпревар и гаранцијата за тоа од меѓународната заедница ќе биде клучниот праметар за тоа во кој правец ќе се движи разрешницата на политичката криза. Поитичкиот аналитичар, Петар Арсовски во интервју за Прес24, вели дека не е возможна суштинска стабилизација без поширок политички консензус, и затоа во тој контекст е важно учеството на СДСМ на изборите.
-Мислам дека доколку се исполнат условите за фер и слободни избори (за што во основа гарант е меѓународната зедница, а не ВМРО ДПМНЕ), и после тоа СДСМ повторно одбива да оди на избори, тогаш се отвора можноста за избори без опозицијата. Но мислам дека ваквата опција би им наштетила на ВМРО ДПМНЕ ако одат на избори без опозиција, вели Арсовски во интервјуто за Прес24.
Арсовски потенцира дека теоретски можни и избори без опозиција, но смеета дека тоа е премногу страшно сценарио.
-Меѓународната заедница сака брза политичка стабилизација и сака сите партии да учествуваат на изборите, но само ако претходно бидат уверени дека на тие избори би имало слободни и фер услови за политички натревар. Ако такви услови не постојат, тогаш опозицијата би била амнестирана од одговорноста за бојкот. Оттаму формулациите за учество на сите партии секогаш кај меѓународната заедница се поврзани со условите за тие избори, и тоа е повик до сите партии за сопствениот дел од одговорноста, вели Аросовски.
Тој оценува дека по изборите на СДСМ му следува процес на преиспитување на стратегијата и политиките на партијата. Во таква ситуација, Арсовски не ја исклучува опоцијата да се бара и враќање на Црвенковсии. Но, сепак смета дека на СДСМ му треба „ребрендирање” по примерот на ВМРО ДПМНЕ
-Мораат да го сменат пристапот и стратегијата. Мораат да се ребрендираат во партија која покрај своите слободарски идеали, ќе ги убеди граѓаните дека има капацитет и за менаџмент, програмски реформи, кадар и позитивни решенија. Кога мислам на ребрендирање, мислам на промена на начинот на работа во поактивен, поприсутен, повеќе програмски ориентиран. Мораат да го расчистат својот политички наратив, и да демонстрираат нов пристап кој граѓаните ќе го препознаат како автентично нова приказна, вели Петар Арсовски, политички аналитичар во интервју за Прес24.