4.8 C
Skopje
петок, декември 27, 2024

Арсовски: Обвинителите од дувлото на непотизам СЈО да се вратат во матичните обвинителства

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се води од принцип на владеење на правото, почитувањето на законите, почитување на Уставот, меѓународното право, порачува партискиот портпарол Димче Арсовски.

-ВМРО-ДПМНЕ има предлог закон за јавно обвинителство кој што го образложивме вчера на прес конференција од страна на претседателот Мицкоски, кој што е достоен и подготвен да биде во функција на бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупција, кои што во моментот во државата се случува на ангро. Овој закон е реформски и значи неселективна правда за граѓаните. Најпрвин фузијата на двете обвинителства е сугестија на ВМРО-ДПМНЕ во текот на преговорите на работните групи и тоа е прифатливо. ВМРО-ДПМНЕ е против грубо кршење на законот Катица Јанева да биде унапредена во Републички Јавен обвинител, односно да добие неколку скалила повеќе. Сите обвинители од дувлото на непотизам наречено СЈО, во кое што во моментов е такво какво што е, каде што работат снаи, ќерки, синови, внуци роднини, пријатели на обвинителите и на СДСМ, треба да се вратат во матичните обвинителства односно институции, од онаму каде што дошле, па дури потоа да конкурираат доколку исполнуваат услови и доколку се квалитетни. СДСМ со нивниот предлог закон сака да ги унапреди своите и роднините на обвинителите од СЈО, што е грубо кршење на правото и потценување на интелигенцијата на народот. Бараме детална истрага за срамниот случај „Рекет“, проверка на инволвираноста на Катица Јанева, дали и колку е инволвирана во целиот случај, која е нејзината релација и врска со двајцата осомничени кои се наоѓаат сега во притвор, но не и помалку значајна нејзината релација со определени псевдоними за кои што јавноста веќе шпекулира, а кои што се дел од раководството односно од врхушката на власта на СДСМ. И врапчињата веќе знаат кој се е вмешан во „Рекет“, само Јавното обвинителство во моментов молчи и не презема никакви чекори. Дури потоа обвинителите од СЈО ако не се инволвирани во случајот „Рекет“ ќе може да конкурираат за во новото обвинителство притоа исполнувајќи ги другите услови кои што ќе бидат поставени и согласно законите кои што ги предвидуваат за јавен обвинител, порачува Арсовски.

Портпаролот на партијата порачува дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за транспарентен процес на избор на најквалитетните луѓе коишто треба да бидат истражители или друг тип на административен кадар во рамките на новото обвинителство.

-Бараме сите предмети од процесите коишто се започнати на ниво на обвинение до 30.06.2017 година, истите да бидат превземени од новиот обвинител којшто ќе го води обвинителството, притоа почитувајќи го Уставот и законите. ВМРО-ДПМНЕ се залага сите тие предмети во фаза во која што се, дали е доказна постапка, дали е распит на сведоци, дали се завршни зборови или некоја друга фаза од текот на постапката, да ги преземе државниот јавен обвинител и истите да се прераспределат согласно процесите и советите на експертската јавност, онаму каде тие дела истите припаѓаат и треба да припаѓаат. ВМРО-ДПМНЕ предвидува финансиска независност за целокупното Јавно обвинителство и тоа од 0,8 до 1 процент од државниот буџет, кој што се гласа секоја година, да се одвојува за потребите на државното јавно обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ нема намера да се сложи со предлог закон на СДСМ кој има две единствени цели и е правен со две неискрени намери од страна на Заев и на власта. Првата е пресметка со политички неистомисленици во случајот како што гледате изминатите години со ВМРО-ДПМНЕ односно со опозицијата, и втората заштита на криминалот на сегашната врхушка на власт односно сегашното раководство, кога ќе се сменат политичките прилики, а тоа ќе биде многу скоро во нашата држава. Намерите на СДСМ и Зоран Заев се се но само не се искрени. Тие само сакаат да се амнестираат и да се заштитат по падот на власта на СДСМ. Македонија мора да се рестартира и да тргне напред. И тоа уште веднаш, порача Арсовски.