Арсовски: Околу 150 милиони евра директно од џебот на граѓаните за партиските вработувања на СДСМ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски за Афла телевизија изјави дека смешни се и очајни обидите на СДСМ и Зоран Заев да дефокусираат од оваа епидемија на непотизам.

Од дваесетина илјади партиски вработувања по 600 евра плата за секој од нив, тоа се 12 милиони евра бруто износ, на годишно ниво тоа се речиси 150 милиони евра, директно од џебот на граѓаните за плати за партиските вработувања на СДСМ, вели Арсовски.

Додаде дека Заев иако заборавил на неговата изјава дека се направени 28.000  вработувања во изминативе години, кои што вработувања се направени преку општинските организации на СДСМ и факт е дека за овие партиски вработувања се одлучува директно од штабовите на СДСМ.

Фросина Ременски го унапредува својот кум во ЕЛЕМ, братот на пратеничката на СДСМ од Виница Славица Митева, вработен како царински службеник во Штип, позната Мира Дизел Стојчевска си ја вработи речиси цела фамилија, посочи Арсовски

Арсовски истакна дека практично со доаѓањето на власт целото раководство на СДСМ си ги вработи своите фамилии, а од неодамна пред доаѓањето на власт заедно со шарената револуција се „бореа“ против партизација и требаше да ја професионализираат администрацијата која според нив беше пренатрупана, но сега гледаме дека администрацијата не била пренатрупана.

Се работи за непотизам од невидени размери, со оваа епидемија се заразени сите функционери на СДСМ и за тоа треба некој да сноси одговорност, затоа што ова се пари од народот, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.