Повторно молк од институциите во врска со незаконитото работење на Ирина Бухова. Како функционер на власта на СДСМ, Бухова е врзана со низа скандали, при што на обзнанување на последниот за очната болница, си даде оставка за која вели дека ја планирала од поодамна. Оставката на Бухова е врзана со последниот скандал за кој не спречила диво работење на приватна очна болница во центарот на Скопје, за која нејзината институција издала решение за забрана за вршење оперативни зафати на Промедика офталмологија, а Бухова продолжила одреден период да ги штити, изјави на денешната прес конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Истакна дека не е доволно само да си поднесе оставка, туку дека мора да се отвори случај, да се утврдат фактите и да сноси секаква одговорност.
„Министерството за здравство да не молчи повеќе, туку да го испита случајот, бидејќи вака е практично соучесник. Оваа власт предводена од СДСМ од здравствениот систем направи вистински кошмар. Материјалниот и било каков друг интерес на функционерите кои ги раководат институциите во здравството им се далеку поважни од здравјето на граѓаните и непречено функционирање на системот. Оставката на Бухова не значи дека ќе избега од одговорност. Одговорност мора да има за секој кој се огрешил пред законот. Доколку институциите како Министерството за здравство и останатите кои што треба да го испитат случајот се уште молчат, тоа значи дека и тие истите се соучесници“, појасни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.