-1.2 C
Skopje
понеделник, декември 30, 2024

Арсовски: При активен договор за местење лед светилки од 1.7 милиони евра, Георгиевски склучил 2 нови за одржување на старите светилки во вредност од 4 милиони денари

Пред да ги претставиме тендерите и договорите за денес кои што треба да ги видат граѓаните на тема Гази Баба и јавно осветлување, уште еднаш да ги повикаме институциите да направат ревизија на овие договори кои што ги презентиравме во претходните два дена, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Реакцијата на СДСМ и претходниот градоначалник Борис Георгиевски во Гази Баба, ја знаевме однапред што ќе биде и нема одговор уште една зошто милиони евра се дадени за улично осветлување, а Гази Баба не беше средена по однос на тоа прашање. И кога веќе Борис Георгиевски има прашања и недоумици за сопственото работење, бидејќи му се нејасни реакциите, никој не може да каже што сака да каже денеска ќе му поставиме уште неколку прашања. Она што е важно е дека градоначалникот Борис Георгиевски од СДСМ, откако склучил договорот за паметно осветлување во висина од 1,7 милиони евра со ДДВ кој што го презентиравме вчера, по исплаќање на авансот од 340 илјади евра, кој што беше исплатен во првите десет дена инаку 20 проценти од целата сума, Георгиевски не издал никаков налог за работа до заминување на својата функцијата. Значи го земале авансот од фирмата и 2 месеци ништо не срабтиле бидејќи градоначалникот не дал никаква насока или налог писмен за работење, односно за извршување на дејностите согласно договорот кој што го потпишал и местење лед светилки, што уште еднаш покажува дека им било единствено важно само да го исплатат авансот пред изборите во месец август и толку, повеќе ништо не се сработило додека бил градоначалник, вели Арсовски.

Тој додава дека дали граѓаните ќе имаат бенефит или не, воопшто не им било важн, ниту на надзорот, ниту на фирмата, ниту пак на Борис Георгиевски.

-Со овој договор трбеало да се постават смарт светилки на над 60тина проценти од светилките во цела Гази Баба. Замислете, наместо да се издаде налози од страна на градоначалникот за поставување на нови лед светилки и да се менуваат натриумовите светилки како што велат и во реакцијата, Борис Георгиевски пред заминување од функцијата на 13 октомври 2021 година склучува уште 2 договори за реконострукција и одржување на светилки во вредност од по 2 милиони денари. Вкупно 4 милиони денари со ДДВ, фирмата иста која што и претходното одржување го земала, одредена фирма Електро Микица ДООЕЛ Скопје, а истите реони се каде што би требало и да се местат тие лед светилки. И главното прашање тука кој што треба да го одговори Борис Георгиевски, ако веќе има активен договор за смарт осветлување и ако менува натриумови светилки со паметни светилки, зошто не дал налог да се поставуваат паметни светилки, туку склучил 2 нови договри во висина од 4 милиони денари за одржување на старите светилки или така наречени натриумови? На скандалите им нема крај. Борис Георгиевски со вакви договори за осветлување во вредност од 2 милиони евра во времетраење од половина година, Гази Баба требаше сега да биде поосветлена од Париз, кој важи за град на светлината, вели Арсовски.

Тој истакнува дека бараме ревизија на овие договори, каде, колку и дали се спроведени и дали соодвествуваат записниците од надзорите со фактичката ситуација, затоа што 2 милиони евра пари се испланирани да се фрлат во вода или испумпаат, во време кога најголем дел од граѓаните во руралниот дел газат во кал благодарение на неостварените ветувања на СДСМ.