Арсовски: СДСМ ја направи Република Македонија лидер во Европа по корупција

Владата на СДСМ, конечно можат да се пофалат дека се лидери во нешто. За жал Владата на СДСМ ја направи Република Македонија лидер на Балканот и во Европа во корупција, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Република Македонија и официјално според извештајот на Траспаренси Интернешнл за 2018 година е лидер на Балканот и во Европа во корупција заедно со Косово и Албанија. Република Македонија е најкорумпираната држава на Балканот и го дели 93тото место заедно со Косово. Република Македонија е најкорумпирана држава во Европа. Замислете пред нас се сите балкански земји, Србија, Хрватска, Бугарија, Грција, Романија, Словенија, Црна Гора, сите, рече Арсовски и додаде:

„Но, она што ги загрижува граѓаните на Република Македонија е тоа што со должна почит кон следниве држави што ќе ги набројам, но морам да истакнам дека пред нас подобро се справуваат со корупцијата и се подобри од нас држави од типот на Свазиленд, Лесото, Буркина Фасо, Намибија, Руанда и многу други афрички држави. Пак ќе кажам, со должна почит кон овие афрички држави, но Зоран Заев ја спушти Република Македонија пониско и од нивото на Африка“.

За жал, потенцираше, со ова гледаме дека Македонија не е само најкорумпирана во Европа, туку е и меѓу најкорумпираните држави во Африка.

-А, впрочем како нема да биде најкорумпирана кога оваа Влада на СДСМ ја однесе дома и ја подели на своите најблиски целата држава и сите парите на граѓаните. Нема тендер, а да не го добие некој од СДСМ или некој од фамилијата на Зоран Заев. Криминални иновации, криминални и крвави тендери, концесии за марихуани, тендери на вицепремиери, вакцини со поминат рок, набавка на бифтеци и луксузни возила, прислушување на обвинители и судии и многу други афери што граѓаните секојдневно ги гледаат, истакна портпаролот на ВМРO-ДПМНЕ и додаде:

„Затоа, заради овој неуспех на најнеспособната Влада во Република Македонија, која што ја води најнеспособниот премиер во историјата на Република Македонија, тоа е Зоран Заев, треба да прифати предвремени парламентарни избори и Зоран Заев да си даде оставка од функцијата за да отпочне процесот на формирање на техничка Влада и конечно да се случат предвремените парламентарни избори од кои што бега СДСМ, за да биде поразен заедно со СДСМ и испратен во историјата. На Република Македонија и треба прогресивна и економски силна Влада како што впрочем работи ВМРО-ДПМНЕ, а не криминална Влада која е одлика на работењето на СДСМ и фамилијата Заеви. Почитувани господа од СДСМ, Не се плашете и распишете избори. Секако ќе загубите кога и да се случат, дали сега или понатаму ќе изгубите, затоа што народот повеќе не ве сака и нема доверба во вас!!!“.