Јас, сега во недела, најмалку што можам да направам е да бидам во 11:00 пред Влада во чест на неправедно осудените Уставобранители и ќе бидам секогаш кога треба и на протест во нивна чест и пред затворите каде што се, но и било каде, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски повикувајќи на присуство на протестот за уставобранителите.
-Ве повикувам и сите вас кои барем малку имате желба за правда во оваа бесконечна неправда што ни се случува, да дојдете, заедно да им дадеме поддршка на браќата кои се по затворите.
Тие не заслужуваат да бидат во затвор, тие не се терористи, а секој еден од нас што нема да им ја пружи поддршката, не ја заслужува нивната преданост кон Македонија.
Да живее Република Македонија, вели Арсовски.