Арсовски: Власта призна вина за АД Славија и ја повлече продажбата, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните успеаја да спречат криминал

Додека сѐ уште Зоран Заев и неговиот пиун новиот лидер на СДСМ и премиер Драган Ковачевски молчат за овој скандал, криејќи се зад криминалните пориви на одредени кадри и институции, владејачката партија и Владата ја признаа вината и нечесни намери за продажба на АД „Славија“ за 218.535 евра, иако вредноста нејзина е над 20 ммилиони евра, изјви во саботата вечерата портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Обелоденовајќи го овој огромен скандал, ниту еднаш не бевме колебливи како партија да успееме во намерите да ја спречиме продажбата на оваа државна фирма за без пари, каде што блиски луѓе до власта дебело ќе профитираат во милионски суми“, рече Арсовски.

Ѝ се забалгодарни на јавноста којашто, како што истакна, застанала рамо до рамо со ВМРО-ДПМНЕ и бурно ја следеше ситуацијата, попречувајќи им на намерите на криминалците од власта.

„Честитки и за вработените кои го кренаа гласот иако се угнетувани од власта. Јавноста и ВМРО-ДПМНЕ спаси и спречи 20.000.000 евра на граѓаните да завршат во џебот на СДСМ“, додаде Арсовски.

Истакна дека е одлучен во намерите да се занимава со случајот и со преиспитување на активностите на инволвираните во овој него, во прв ред со работата на директорот на Агенцијата за одземен имот.

„Фатон Асани по вакво признание мора по секоја цена да си даде оставка од позицијата директор. Не му е ниту прва, ниту последна скандалозна зделка доколку остане на позицијата. Мора да си даде оставка!“, заклучи Арсовски.