Добро е што Ивица Коневски излезе со став, инаку сликата на печалбар од ВМРО-ДПМНЕ не би била потполна, вели во коментар на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во врска со обраќањето на поранешниот градоначалник на Аеродром од редовите на оваа партија.
Очигледно адвокатурата му иде толку лошо, што сега има желба да менува професија и да се враќа во политика, каде што пак последните години од кариера му идеше уште полошо од адвокатурата сега, истакнува Арсовски и додадва дека работава испаѓа – „не умри магаре до зелена трева“.
Заклучувајќи дека не треба никој да се труди да пишува имиња и презимиња околу печалбарите, сами ќе се јават сите.
„Е сега малку околу суштината, овие луѓе кои бараат смена на Претседателот Христијан Мицкоски се всушност неславниот багаж кој ВМРО-ДПМНЕ го влечеше како тег во пропаст, а потајно се молеа и работеа да победи СДСМ и на референдумот и на изборите.
Сметам јас, а и целото членство, дека е време тој багаж да се истовари, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе од тие ликови кои кога велат промени, мислат на тоа – тие да ја управуваат партијата која и тогаш и сега ја гледаат како ДООЕЛ за пари и бизнис. А, слушам веќе и функции си поделиле, па Ивица ќе бил секретар (ставајќи знак за смеење).
Добра е таа ментална гимнастика на илузијата за која треба да знаат дека домашниот есап и тој на пазар никогаш не излегува.
Добра е таа ментална гимнастика на илузијата за која треба да знаат дека домашниот есап и тој на пазар никогаш не излегува.
Знаете зошто? Затоа што ВМРО е на народот, на членовите кои се со нејзе и при сите подеми и при сите падови“, потенцира Арсовски и додава:
„А, сите оние кои ги полнат провладините медиуми со усти полни со омраза кон ВМРО, а во исто време повикуваат на единство во време кога ВМРО-ДПМНЕ се труди да состави Влада, всушност имаат за задача да му помогнат на Заев.
Па, нели е чудно што Ивица Коневски, а и сите други зад кои се провлекуваат афери, скандали и сомнежи немаат проблем со законот и ниту една пријава?
Нели е чудно што човекот што го викаат “комшијата” во Аеродром го нема 3 години да каже збор против Зоран Заев и Златко Марин, а денес тера филозофски расправи за ВМРО-ДПМНЕ?
Тежината на Ивица Коневски се виде на изборите во 2017, односно “тежи” минус 4.000 гласови. Среќа не работеше во кампања сега, па работите дојдоа на свое место и општина Аеродром со сите населби повторно е победничка и бастион.
За на крај, сите овие луѓе кои се дел од багажот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ќе го остави зад себе. Од тој момент потоа, тој му припаѓа на Заев.
ПС Заев, со среќа да си го носиш багажот“.