Коста Петров со денешната реакција и демант штотуку призна дека е сомнителен тендерот со кој се ангажирани двете маркетинг агенции. 200.000 евра на граѓаните завршуваат како испумпани пари во нечии џебови на функционерите на СДСМ или пак партиските кампањи се исплаќаат преку државните институции, рагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на демантот од Петров.
– СДСМ не е ништо повеќе од клептоманска партија која само краде. Само доколку ги отворите еден од профилите на социјалните мрежи на челните лица на агенциите ќе можете да забележите несебична поддршка за СДСМ и нивни градоначалници и партиски функционери, што дополнително докажува дека парите од ФИТР завршуваат на сомнителен начин. Дополнително, една од двете агенции што земала дел од овие 200.000 евра е застапувана и е на советник од СДСМ во Град Скопје – рече Арсовски.
Тој вели дека Петров доколку сметал дека е погрешно ангажирање на маркетинг агенции во време на пандемија во висина од 200.000 евра, имал доволно време да ги раскине и да ги ревидира. Дополнително доколку не учествуваат тие две агенции во работата на Коста Петров, што всушност работат? Дали тоа значи дека ништо не работат и земаат 200.000€ евратуку така? Кои се работните обврски на овие две агенции?
– Доколку Коста Петров смета дека е во право јавно го повикувам на дебата со мене да ги изнесе своите аргументи. Може да прати и некој „од тимот” како што вели дека заедно работеле. Во спротивно стравот од соочување ќе биде потврда на сомнежите на јавноста – вели Арсовски.