![Димче Арсовски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/dimce-arsovski-ums-640x352-INFOMAKS.jpg?resize=640%2C352&ssl=1)
Ви кажав дека ќе го откаже протестот. Науката штом кажала дека протест закажан на полноќ нема да се одржи 94.9%, мора да и’ веруваме. Затоа, друг пат размислување со трезвена глава. Утрото е попаметно од вечерта, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски после откажаниот протест на кавадаречкиот грдоначалник Митко Јанчев.
Инаку и претходно Арсовски реагираше реагираше после најавата за протестот, а го напиша следното:
Легендата вели: Секој оној кој што закажува протест околу полноќ, според сите светски параметри 94,9% се одложува и не се одржува или е неуспешен и не ја постигнува целта (целта сигурно нема да биде постигната). Велат дека утрото е попаметно од вечерта, се размислувало со трезвена глава и тоа било причината за точноста на легендата.
Се плашам дека ова може да стане лоша пракса, од причина следна: Обичен граѓанин, оди во продавница пред полноќ, купува продукт, не му се допаѓа амбалажата и закажува протест пред седиштето на фабриката која го произведува. Одма тука настанува проблем на јавно мнение.
На пример, може и да се протестира заради загадувањето, од причина што од што е презагадено, може да не го најдат седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, така би биле поуспешни. Исто може да се протестира и за корона пандемијата, ама за овие два протести најверојатно нема одобрение од екипата која славела во Банско.
П.С.: Сигурно била јака частовка и јако главење, штом две и пол години ги држи атмосферата, напиша на својот Фејсбук профил Арсовски.