Премиерот Зоран Заев и неговата владејчка СДСМ четири дена избегнуваат да дадат оговори за која намена се формирани трите фирми на Заеви во еден стан во градот Петрич во соседна Република Бугарија, посочи во саботата на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој упати низа прашања до премиерот Заев:
Арсовски нагласи дека премиерот Заев сѐ уште не одфговори дали споменатите фирми се формирани за да добијат бизнис од рудникот Иловица за чиешто работење токму тој драстично го промени ставот во споредба со изјавите кои ги даваше пред две или три години наназад,
„Што се промени г-не Заев? Дали бизнисот со транспорт и логистика на рудата од Иловица до Петрич, бизнис тежок 10 милиони евра годишно, можеби ги промени вашите ставови?“, праша портпролот на опозициската партија
Арсовски објави неколку факти кои отвораат многу прашања и сомнежи.
„Официјалните податоци на компанијата која менаџира со проектот рудник Иловица тврди дека 60 до 80 илјади тони руда годишно од рудникот ќе се транспортираат со товарни возила 47 километри од Иловица до, внимавајте градот Петрич од каде потоа со железница ќе се транспортира до топилницата Пирдоп. Инаку градот Петрич е градот каде што се регистрирани трите фирми на Заеви. Многу симптоматично е што токму Заеви отвориле фирми во Петрич, во период кога Заев почнува да го менува ставот за работењето на рудникот Иловица и тоа за дејност транспорт и логистика“, посочи Арсовски.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека станува збор за бизнис кој овозможува со отворањето на рудникот Иловица да изнесува повеќче од 10 милиони евра годишно.
„Зоран Заев зошто молчиш? Одговорете дали работењето на рудникот Иловица зависи од тоа дали фирмите на Заеви ќе го добијат транспортот на руда до градот Петрич каде се пријавени фирмите Гомасиндра, Ориент Груп и Радиша трејд? Што се случи со изјавите на вашата партија дека рудникот Иловица има сериозни закани по здравјето на луѓето, или пак некои бизнис интереси го променија вашиот став? Редно е да им одговорите на граѓаните и да не бегате и да се криете од јавноста“, повторно праша Арсовски.