Арсовски: Зоран Заев треба да одговара бидејќи е дел од случајот „Рекет“

Од се може да се дефокусира, дури и од неспособното справување и криминалот во време на корона кризата, само не може да се дефокусира од вмешаноста на Зоран Заев во случајот „Рекет“. Целата јавност е сведок, изминатава година дена, дека Зоран Заев е директно инволиран во случајот „Рекет“, но за жал, на негова среќа, Рускоска обвинителството и „трас-трас“ Луи Вутон судството се уште процесот е закочен само на 3-ца обвинети, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој додаде:

„Бараме од МВР и Јавно обвинителство веднаш да отворат случај против Зоран Заев за сторено кривично дело, прикривање и помагање во сторување кривично дело и веднаш да се отпочне случај токму во овој Кривичен суд, а како се размотува клопчето во случајот „Рекет“, сомнежот е дека Зоран Заев ќе стигне и до првоосомничен и организатор на целата афера „Рекет“. Бараме МВР и Јавното обвинителство да почнат вештачење на телефонот на Зоран Заев при што веруваме и сигурни сме дека таму ќе се разоткрие целата шема за рекетирање на бизнисмени во Македонија во висина од над 20 милиони евра.“

Арсовски прашува зошто Зоран Заев молчел од 3-ти април кога го предупредил Бојан Јовановски алијас Боки 13 дека го следат обвинители и служби од странска земја и молчел дури до 22 април?

„Со тоа свесно му дал простор на Бојан Јовановски и останатите да прикријат докази и да губат телефони и да работат во нивна полза. Впрочем сите се сеќаваме на еден исказ каде Бојан Јовановски самиот кажа дека Зоран Заев го предупредил за истото. Очигледна е спрегата помеѓу Заев, Рускоска и обвинетите. Со едната мести судски пресуди и заташкува случаеви, со другите мести случаеви во СЈО, со третите и четвртите рекетира и одработува останати работи.“

-Како што реков, ништо, ама баш ништо не може да дефокусира од реалната улога на Зоран Заев во „Рекет“. Допрва граѓаните ќе дознаваат за шемите на рекетирање на Зоран Заев и СДСМ, на Ден Дончев заедно со врвот на власта и СДСМ, како и многу други ликови блиски до семејството Заеви и СДСМ. Ваков криминален канцер на општеството не ни е потребен на политичката сцена во Македонија и ќе го исчистиме на следните избори кога и да бидат и ќе победиме убедливо, потенцираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.