Артан Груби од ДУИ денеска преку Фејсбук ја смирирува топката и порачува дека време е за смиреност и умереност, како и борба против корупцијата и криминалот.
-Време е за умереност, смиреност и да ги засукаме ракавите со цел да продолжиме на нашиот евроатлански пат, толку потребните реформи кон вистинско владеење на правото и бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, но и економско закрепнување за да се поправат последиците од ковид-19 со воспоставување на одговорни институции, напиша Груби.