Артур од Барса оди во Јувентус, во обратен правец оди Пјаниќ

Дваесет и тригодишниот играч од средниот ред на Барселона, Бразилецот Артур е на пат да стане нови играч на Јувентус, додека 30-годишниот Миралем Пјаниќ ќе замине во обратен правец, односно во редовите на каталонскиот гигант, пишуваат во петокот италијанските медиуми.

Артур во Барселона мина две години, а за 40 милиони евра дојде од бразилски Гремио. Каталонците ќе заработат двојно за него, бидејќи Јувентус за него ќе плати 80 милиои евра.

Медиумите на Апенините тврдат дека во торинската „Стара дама“ ќе има плата од пет милиони евра годишно. На доаѓањето на Артур инсистирал тренерот Маурицио Сари, кој планира идниот среден ред на тимот да го гради околу него.

Босанскиот репрезентативец Миралем Пјаниќ по четирите сезони минати во Јуве, каде е стандарден првотимец, заминува во Барселона, којашто за него ќе плати 60 милиони евра. Пјаниќ пред доаѓањето во Торини играше за три години во францускиот шампионат од 2008 до 2011 за Мец и Лион, а во Серија А од 2011 до 2016 настапуваше за Рома.