Членикот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, во понеделникот вечерта потврди ека дека тој и неговата партија повеќе нема да бидат дел од Коалицијата Европски фронт, која замина во опозиција по формирањето на влаата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во која партиципира ривалската коалиција на партиите на Албанците во Макеонија – Влен (Вреди).
„Сто дена се малку за да се анализира работата на една влада. Причината зошто отсуствував на прес-конференцијата за стоте дена за владеењето на Владата организирана од Европски фронт е поради тоа што јас и ДПА повеќе нема да бидеме дел од Фронтот“, рече Тачи во телевизиско гостување на Телевизија Клан Македонија.
Пратеничката група на Коалицијата Европски фронт функционира во полн состав, истакна претходно денеска координаторот на пратеничката група Блерим Беџети одговарајќи на новинарско прашање околу наводите во медиуми дека претстедателот и пратеник на ДПА, Мендух Тачи се повлекува од коалицијата.