Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад изјави дека не планира однапред да ја напушти земјата, неговата порака е објавена на страницата на кабинетот на поранешниот шеф на државата на социјалните мрежи.
Сирискиот претседател Башар ал Асад во понеделникот изјави дека е евакуиран во Русија од базата Хмејмим во Сирија, која била гаѓана со дронови вечерта на 8-ми декември, откако утрото го напуштил Дамаск додека исламистичките борци на групацијата Хајат Тахрир ал-Шам (HTS), порашната Џебхат ан-Нусра односно сириското крило на Ал Каеда, му се приближувале на главниот град.
Изјавата, објавена на каналот Telegram на сирискиот претседател и датирана од 16 декември во Москва, е прво јавно појавување на Асад откако беше соборен во офанзивата на сунитските бунтовнички групации пред повеќе од една седмица.
„Не ја напуштив мојата татковина планирано, како што се обидуваат да тврдат некои и не ја напуштив во последните часови од битките, исполнувајќи ги своите обврски, до утрото на 8-ми декември …> За време на тие настани, ниту од мене, ниту од никој друге не беше покренато прашањето за азил или оставка“, рече вели Асад..
Сега веќе порашениот сириски претседател нагласува дека во тие денови единствениот избор бил „да ја продолжиме битката за да се одбраниме пред терористички напад“.
Според Асад тој го напуштил главниот град дури откако вооружените опозициски сили влегле во градот. Заминал во Латакија, од каде планирал да ги следи воените операции. Но, пристигнувајќи во руската воздушна база Хмејмим, дознал за падот на Дамаск.
„Москва побара од командата на базата да ја организира мојата итна евакуација во Русија вечерта на 8-ми декември. Ова се случи еден ден по падот на Дамаск“, истакна Асад.
Како што нагласува Асад, тој не ги напуштил својот народ и војска, потсетувајќи дека не ја напуштил Сирија во најтешките години од војната и застанал рамо до рамо со војниците и офицерите на првите борбени линии.
Во исто време, Асад посочува дека на неговата евакуација од Сирија ѝ претходел колапс на владините сили и парализа на државните институции. Во таква ситуација, според Асад, за него било бесмислено да остане во земјата по преземањето на власта од страна на „терористите“, бидејќи ја изгубил можноста да ги извршува своите претседателски овластувања.
Изјавата на Асад е во врска со објавите во западните медиуми од изминатиот викенд, кои објавија повикувајќи се на наводни неиуменувани високу сириски функционери, мдека неколку часа пред падот на Дамаск на 8-ми декември, Асад побегнал без да ги предупреди членовите на неговото семејство или најблиските соработници.
Како што пишуваше AFP, Асад дури ѝ се јавил на својата портпаролка Тво саботата вечерта за да ја замоли да му подготви говор, пред да се качи на авион од аеродромот во Дамаск до руската база во Хмејмим во западна Сирија.
„Тој си замина без предупредување (…) неговите блиски соработници. Авионот го однесе во Москва од руската база“, рече советникот, кој сакаше да остане анонимен.
„Неговиот брат Махер“, кој командуваше со застрашувачката Четврта бригада, „за тоа дознал случајно додека го бранел Дамаск со своите војници. Се чини дека решил да избега со хеликоптер во Багдад“, додал неименуваниот соговорник на франциската агенција.
Кога исламистичките бунтовници започнаа офанзива во северна Сирија во средата, на 27-ми ноември, Башар ал-Асад беше во Москва каде неговата сопруга Асма се лекуваше од рак. Тој не се појави на одбраната на докторската дисертација на неговиот син Хафез два дена подоцна, иако присуствуваше целото семејство, според претседателски функционер кој сакал да остане анонимен.
Во саботата, на 30-ти ноември, кога се вратил од Москва, веќе паднал во рацете на исламистите Алепо, голем град на север. Неколку дена подоцна, бунтовниците ги зазедоа централните градови Хама и Хомс, пред да ја преземат контролата врз Дамаск една седмица подоцна.
Од крајот на ноември, вооружените бунтовнички групи поддржани од труските сили заземаа неколку големи сириски градови, вклучително и влегувањето во Дамаск. Опозициските претставници на 8 декември објавија на државната телевизија дека воспоставиле контрола врз земјата. Претседателот Асад, според руското Министерство за надворешни работи, водел преговори со некои учесници во конфликтот, при што одлучил да поднесе оставка од функцијата и да ја напушти земјата, истакнувајќи дека Москва не учествувала во таквите преговори.