
Над стотици Сиријци се пуштени од затвор, бидејќи ги амнестираше претседателот Башар ал Асад во намерата да „го одбележи својот реизбор неделава“, соопштија сиријските власти.
Во соопштението се наведува дека 320 затвореници се пуштени пред три дена од Централниот затвор во северен Алеп кога е објавена победата на Асад на претседателските избори.
Уште 480, меѓу кои и 80 жени ќе бидат ослободени од тој затвор во покраината Дамаск во наредните денови бидејќи затворот добива нова намена и ќе биде зграда на општината, пренесува АФП.
Затворениците биле обвинети за „тероризам“, термин кој сирисјката влада го користи за оние кои биле вклучени во востанието.
Се проценува дека во затворите ширум Сирија има околу 18 илјади затвореници, наведува АФП.