Претседателот на Сирија Башар ал Асад изјави денес дека никогаш не помислувал да ја напушти Сирија „ниту под било какви околности“ и истакна дека ја ужива поддршката од мнозинството Сиријци.
Исто така, во интервју за државните медиуми Асад ги обвини САД и Саудиска Арабија дека барале терористичките групи да се придружат на мировните преговори што ги предлагале светските сили. Во Сирија, како што вели, никој не би прифатил такви преговори.
Тие сакаат сириската влада да преговара со терористите што не мислам дека било кој би го прифатил во било која земја, изјави Асад одговарајќи на прашањето дали Сирија ќе се приклучи на преговорите што светските сили ги свикаа за 1-ви јануари 2016-та.
Прашан дали би преговарал со опозициските групи што се состанаа во Ријад во текот на неделата, Асад рече дека Сирија е подготвена да преговара во оној миг кога тие ќе го променат својот пристап и ќе се откажат од вооружувањето.
Во целост одбиваме да се занимаваме со нив како да се политички ентитет, заклучи Асад.