![basar al asad govornica](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/12/basar-al-asad-govornica.jpg?resize=640%2C363&ssl=1)
Средба со турскиот претсесдател Реџеп Тајип Ердоган би била невкусна се додека турската армија се наоѓа на нашата територија, изјави сирискиот претседател Башар ал-Асад во интервју за телевизијата „Раша Тудеј” (РТ).
-Не мислам дека оној кој ја окупира вашата земја ќе биде меѓу вашите приоритети за средба, изјави сирискиот лидер во одговор на прашање дали има шанса за средба меѓу него и неговиот турски колега.
Асад, сепак, забележа дека не е против преговори со Анкара.
-Ние не ја гледаме Турција како непријател. Турскиот народ е наш сосед. Имаме заедничка историја. Непријателот е Ердоган и неговата политика, подвлече шефот на сириската држава.