Асад: Сиријците не се плашат од НАТО

Сирискиот претседател Башар ал Асад истакнал дека сирискиот народ не се плаши од НАТО после неодамнешното бомбардирање, пренесува „Спутник“.

Како што се наведува, тој ги пофалил советските системи за противвоздушна одбрана кои „му помогнале на Дамаск да уништи 71 западна ракета“.
Зборовите на Асад ги пренел пратеникот во руската Дима, Сергеј Железњак, со напомена дека сирискиот лидер нападот врз својата земја го нарекол агресија.

„Според мислењето на Асад, нападот е агресија и ние го делиме тоа мислење. Тој истакна дека бил воодушевен од руското оружје, кое се покажа како супериорно во однос на наоружувањето на агресорот“ – изјавил Железњак.

Рускиот пратеник Дмитриј Сабљун истакнал дека Асад изјави оти граѓаните на Сирија повеќе не се плашат од НАТО.