Сириската опозиција е создадена од странски тајни служби, изјавил претседателот на Сирија, Башар ал Асад и отфрли каква и да е можност за учество на опозицијата во органите на власта, пренесе „АФП“.
„Опозицијата е создадена од странски тајни служби. Тоа се луѓе кои за околу половина час ја преминуваат границата на нашата земја, а потоа повторно бегаат од неа. Како можат тие да се членови на сириската Влада? Може ли министер да ги извршува своите обврски, а да биде постојано надвор од земјата? Сето ова се идеи кои се далеку од реалноста. Тие не може да се сфатат сериозно“, изјавил Асад.