Асанж му помага на Трамп?

Викиликс во петокот објави илјадници информации од личниот акаунт на Подеста на „Џимејл“. Според него, еден од доказите за тоа е дека информациите се објавени во петокот вечерта, непосредно откако весникот „Вашингтон пост“ го покажа видеото на Трамп од 2005 година, во кое тој кажува навредливи работи за жените.

„Тоа не е совпаѓање. Неколку минути по излегувањето на видеото, тие одлучиле тоа да биде нивниот одговор за одвлекување на вниманието од долните нешта, кажани од Трамп“, изјави Подеста пред новинарите во авионот со кој Клинтон и нејзината екипа се враќаа во Њујорк од предизборен митинг во Мајами.

-Нема како да знаеме дали Асанж се обидел да му помогне на Трамп и дали тоа се координирани активности. Само сметам дека совпаѓањето е многу чудно и дека се случи во момент кога температурата се доближуваше до фазата на вриење, рече Подеста.