Асанж: Наскоро ќе не шпионираат преку ДНК

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж предупредува дека во блиска иднина Владите на големите сили ќе ги шпионираат граѓаните користејќи ги нивните генетски податоци.

Тој како пример ја наведува Шведска, каде на секој граѓанин по раѓањето му се зема ДНК примерок и му се доделува личен број. Подоцна ДНК податоците се „врзуваат“ за даночна декларација и кредитни извештаи.

Истовремено, властите на Еквадор наведуваат дека Асанж би можел засекогаш да остане во амбасадата на оваа земја во Лондон, каде се крие од британските власти речиси две години.

Еквадорскиот амбасадор во Велика Британија наведува дека Асанж страда во внатрешноста на зградата, но дека тука би можел да остане подолго време откако Врховниот суд на Велика Британија го поддржал налогот за негова екстрадиција во Шведска, каде би бил суден во врска со обвиненијата за наводни сексуални напади.