Основачот на разобличувачкиот интернет ресурс WikiLeks, Австралиецот Џулијан Асанж, оваа седмица треба да се изјасни за виновен за кршење на американските закони за шпионажа, во договор што ќе му стави крај на затворањето во Велика Британија и ќе му овозможи да се врати дома во Австралија, со што ќе стави крај на долгата правна одисеја.
Агенцијата Reuters пренесува дека Асанж го напуштил затворот Белмарш во Велика Британија, каде ги поминал последните пет години.
Сега 52-годишниот Асанж се согласил да се изјасни за виновен по една точка од обвинението за заговор за добивање и откривање доверливи документи за национална одбрана на САД, според поднесоците во Окружниот суд на САД на Маријанските острови, американска територија во Тихиот Океан.
Асанж треба да биде осуден на 62 месеци веќе отслужени на сослушувањето на островот Саипан во 9 часот по локално време во среда, а се очекува да се врати дома во Австралија по сослушувањето.
Адвокатот на Асанж не одговорил веднаш на барањето за коментар од Reuters.
Австралискиот новинар Џулијан Асанж се стекна со слава во 2006 година поради неговата работа на веб-страницата WikiLeaks, која беше основана за објавување тајни документи. Во 2010 година, страницата ја објави доверливата американска воена видео снимка на која се прикажани најмалку 18 цивили убиени во американски хеликоптерски напад во Багдад во 2007 година. Во 2010 година, страницата започна да објавува и 250 илјади американски дипломатски документи, кои на Вашингтон му донесоа големи непријатности поради објавувањето на податоците со критики, потсмевања и шпионирање на светските челници, вклучително и на своите сојузници.
Асанж беше обвинет, во како што се вели најголемото безбедносно нарушување од ваков вид во историјата на американската војска – заедно со серија дипломатски телеграми, поради масовното објавување на доверливи американски документи од страна на WikiLeks, кои беа откриени од поранешниот воено-разузнавачки аналитичар, кој го промени полот и стана Челзи Менинг, која исто така беше обвинета според Законот за шпионажа. Во обвинението се наведува дека тој во март 2010 година учествувава во заговорот да му помогне на Манинг да ја пробие шифрата на компјутерите на американското министерство за одбрана поврзани на SIPRNet, владината мрежа за доверливи документи и комуникации. Обвинет е поради заговор да се провали во компјутерите.
Серијата од повеќе од 700.000 документи вклучуваше дипломатски телеграми и извештаи од бојното поле, како видео од 2007 година од американски хеликоптер „Apache“ кој пука врз наводно осомничените бунтовници во Ирак, убивајќи десетина луѓе, вклучително и двајца новинари на Reuters. Ова видео беше објавено во 2010 година, а станува збор за цивилни жртви.
Обвиненијата против Асанж предизвикаа бес кај неговите многубројни глобални поддржувачи, кои долго време тврдеа дека Асанж, како издавач на WikiLeaks, не треба да се соочи со обвиненија кои обично се користат против функционери на федералната влада кои крадат или објавуваат информации обвинувањата Асанж е закана за слободата на говорот.
Асанж првпат беше уапсен во Британија во 2010 година по европски налог за апсење, откако шведските власти рекоа дека сакаат да го испрашаат за обвиненијата за сексуален криминал, кои подоцна беа отфрлени. Тој побегна во амбасадата на Еквадор, каде што остана седум година, за да избегне екстрадиција во Шведска. П проментата на власта во Еквадор, во 2019 година му беше ускратен престокот во дипломатското претставништво и беше извечлен и затворен затоа што не платил кауција. Оттогаш, тој е во максимално обезбедуваниот затвор во Лондон, Белмарш, каде што речиси пет години се бори за екстрадиција во САД.