Асанж заминува за Австралија откако се изјасни за виновен во САД

Основачот на разобличувачкиот интернет ресурс WikiLeks, Џулијан Асанж, излеза во средата на слобода на територијата на американскиот пацифички остров Саипан, откако се изјасни за виновен за прекршување на Законот за шпионажа на САД, во договор кој му овозможи да замине право дома во Австралија.

Неговото ослободување става крај на 14-годишната правна сага во која Асанж помина повеќе од пет години во строго обезбедуван британски затвор и седум години во азил во амбасадата на Еквадор во Лондон, борејќи се против екстрадицијата во САД, каде што се соочи со 18 кривични пријави, меѓу кои и за шпионажа. Асанж, и неговите, продржувачи ширум светот, стравуваа дека сега 52-годишниот Автралиец ќе биде осуден на повеќе долгогодишни затворески казни а можна и смртна казна.

За време на тричасовното сослушување, Асанж се изјаснил за виновен по едно обвинение за заговор за добивање и откривање доверливи документи за национална одбрана на САД, но рекол дека верува оти Првиот амандман на американскиот Устав, кој ја штити слободата на говорот, ги штити неговите активности.

„Работејќи како новинар, го охрабрив мојот извор да обезбеди информации за кои се вели дека се доверливи за да можам да ги објавам тие информации. Верував дека Првиот амандман ја заштити таа активност, но прифаќам дека тоа беше … кршење на Законот за шпионажа“, рече Асанж пред судот.

Главната судијка на американскиот округ Рамона, В. Манглона го прифати неговото признание за виновен и го ослободи за времето што веќе го одлежа во британски затвор.

„Силно веруваме дека г-дин Асанж никогаш не требаше да биде обвинет според Законот за шпионажа и дека тој се занимава со (а) практика што ја прават новинарите секој ден“, изјави неговиот американски адвокат, Бери Полак, на новинарите пред судот.

Работата на WikiLeaks ќе продолжи, рече тој.

Неговата британска и австралиска адвокатка, Џенифер Робинсон, ѝ се заблагодари на австралиската влада за долгогодишната дипломатија за да се обезбеди ослободување на Асанж.

„Големо олеснување за Џулијан Асанж, неговото семејство, неговите пријатели, неговите поддржувачи и нас и сите кои веруваат во слободата на говорот ширум светот што тој сега може да се врати дома во Австралија и да се соедини со своето семејство“, рече таа.

Асанж го напушти судот поминувајќи покрај мноштво телевизиски камери и фоторепортери без да одговара на прашања, а потоа одмавнувамте додека влегуваше во бел теренец.

Од Саипан со приватен авион се упатил до австралиската престолнина Канбера каде треба да слета околу 19 часот и 30 минути по локално време (0930 GMT).

Територијата на САД во западниот дел на Пацификот е избрана поради неговото противење да патува во копнениот дел на САД и нејзината близина до Австралија, соопштија обвинителите.

На рочиштето присуствуваа десетици медиуми од целиот свет, а пред судницата се собраа многу нивни претставници. На медиумите не им беше дозволено во судницата да го снимаат рочиштето.

„Го гледам ова и размислувам како неговите сетила се преоптоварени, шетајќи низ толпата новинари по години на четирите ѕида на неговата затворска ќелија Белмарш со високо обезбедување“, рече Стела Асанж, сопругата на основачот на WikiLeaks на платформата на социјалните мрежи Х.

Асанж помина повеќе од пет години во она што судијата го опиша како еден од најтешките британски затвори и седум години во еквадорската амбасада во Лондон додека се бореше против обвиненијата за сексуални злосторства во Шведска и против екстрадиција во САД.

Додека престојуваше во амбасадата, тој доби два сина со својата партнерка Стела, која претходно беше една од неговите адвокати. Тие се венчаа во 2022 година во лондонскиот затвор Белмарш.

Поддржувачите на Асанж го гледаат како жртва за разоткривање на неделата и потенцијални злосторства извершени од владите на САД, вклучувајќи ги и конфликтите во Авганистан и Ирак. Вашингтон рече дека објавувањето на доверливи документи наводно ги става животите во опасност стотиците припадници на тајбите служби и агенции кои се занимават со безбедноста на САД.

Австралиската влада се залагаше за негово ослободување и неколку пати го покрена ова прашање со САД.

„Ова не е нешто што се случило во последните 24 часа. Ова е нешто што се разгледуваше, трпеливо, разработено на балансиран начин, на кој начин Австралија се однесува“, рече премиерот Ентони Албаниз на прес-конференција во средата.