
Десетте држави од југоисточна Азија, здружени во АСЕАН, во следните десет години ќе инвестираат 2,5 билиони (2.500 милијарди) долари во изградба на нови патишта, аеродорми и пристаништа.
Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија на чиво подрачје има 600 милиони жители, која од 2016 година ќе функционира како економска заедница со речиси идентични правила како и Европската Унија, планира крајот на оваа деценија да го пречека со вкупен заеднички БДП од над седум илјади милијарди долари.