Асфалтиран пат во Крушево – се работи за транзитниот дел од регионалниот пат низ градот во должина од 2,4 километри.
Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов, вели дека за оваа градежна активност од буџетот на ЈП за државни патишта се обезбедени 4 милиони денари.
Завршени се и градежните активности на делови од делниците Крушево-Сладуево и Демир Хисар-Граиште-Света каде во рамките на програмата за одржување на државните патишта се изврши поправка и рехабилитација на коловозот.
Активностите на регионалните патни правци Крушево-Сладуево и Демир Хисар-Граиште-Света се повеќегодишни и ќе се изведуваат во периодот од 2015 до 2018 година. Од страна на Владата на Република Македонија за рехабилитација на делницата Крушево-Сладуево ќе бидат обезбедени околу 60 милиони денари, а за делницата Демир Хисар-Граиште-Света околу 30 милиони денари.
За оваа година од буџетот на ЈП за државни патишта преку програмата за одржување на државните патишта за овие патни правци се обезбедени и реализирани 7 односно 6 милиони денари, пренесува МИА.
Нова сигнализација и патна опрема на патиштата
Во завршна фаза е поставувањето на нова сигнализација и патна опрема на 11 патни делници во должина од 560 км, соопштуваат од ЈП за државни патишта.
Во рамките на Декадата на безбедност на патиштата, а во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот, ЈП за државни патишта од крајот на минатата година го отпочна проектот за поставување на нова хоризонтална и вертикална сигнализација и патна опрема на 11 државни патни правци. Се работи за патните правци Илинден-Калуѓерец, Ржаничино-Свети Николе, Лакавица-Неготино-Дреново, Давидово-Раброво,Брајковци-Марвинци,Страцин-Кратово-Пробиштип-Крупиште, Струга-Дебар, Макази-Маркова Нога, Макази-Граничен премин Стење, Прилеп-Македонски Брод-Кичево, Прилеп-Кривогаштани-Крушево-Сладуево, Виница-Смојмирово и Струмица-Дојран во должина од 560 км.
Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов направи увид во завршните работи на последните делници од проектот. На единаесетте патни правци извршена е замена на еластичната ограда,поставени се нови катадиоптри,заменети се со нови сообраќајните знаци и смероказите и поставена е нова хоризонтална сигнализација. Инвестицијата е во вредност од 158 милиони денари.
Имено, во текот на летната сезона зголемен е интензитот на сообраќајот на патиштата во Македонија.