АСОМ и АПИС денеска повторно на протест пред Собранието

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС), денеска, (07.02.2024г.), со почеток од 11:00 часот, во присуство на дел од своите вработени, пред Собранието (во паркот „Жена борец“) ќе одржат јавен собир, соопштија од таму.

За време на собирот, исто така во 11:00 часот, предвидени се и изјави за медиумите од страна на претседателот на АСОМ, Васко Илијевски и претставникот од АПИС, Горан Стоименов.
Поводот за протестирање е закажаното второ читање на предлог Законот за игрите на среќа и за забавните игри во редовна собраниска постапка.

Информираат дека, ако се донесе Законот кој предвидува сите казина и спортски обложувалници да бидат оддалечени најмалку 500 метри од училиштата, над 10.000 луѓе вработени во овој сектор ќе останат без работа и голем процент од казината и од спортските обложувалници во земјава ќе се затворат.