АСОМ: Игрите на среќа продолжуваат да се организираат како и досега

По информациите кои се појавија во неколку медиуми, дека со уредба на влада се овозможува онлјан обложување кое би требало да го замени традиционалното, Асоцијацијата на Спортски Обложувалници на Македонија (АСОМ) истакна дека очигледно станува збор за грешна интерперетација на изјавите на надлежните од страна на дел од медиумите.

– Игрите на среќа продолжуваат нормално да се организираат како и досега. Истите се јасно регулирани со закон и дозволи за работа, а во индустријата остануваат вработени околу 8.000 дирекно вработени како и повеќе од 50.000 индиректни работни места кои оваа индустрија ги подржува. Во изминатиот период Министерството за финансии ја разгледуваше можноста за дополнително организирање на онлајн обложување и игри на среќа, процес кој е започнат одамна. Онлајн обложување веќе се организира, но само од страна на Државната Лотарија, а сега се разгледува можноста истото да биде организно и од страна на другите приредувачи на игри на среќа – образложија од АСОМ.

Од Асоцијацијата наведоа дека веќе го искомуницирале својот став со Министерството за фиансии во однос на тоа прашање и ја поздравува идејата.

– Сепак, одлуката и условите за онлајн обложување се уште се во процес на договрање. Доколку уредбата биде прифатлива за сите засегнати страни, истата ќе овозможи и Македонија како сите земји во регионот да имаат вака организирана игра, дополнителни приходи во буџетот и подобри услови за играчите. Според проценките на нашата организација, меѓу 40 и 50 милиони евра годишно се одлеваат на странски сајтови за онлајн обложување и игри на среќа. Прифатливо законско решение за онлајн обложување би ги насочило овие средства кон домашниот буџет – истакнаа од АСОМ