![346880-0.Basic-Kladilnici](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/346880-0.Basic-Kladilnici.jpg?resize=696%2C422&ssl=1)
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија информира дека согласно одлуката на Владата, во перидот од 7 до 20 април уплатно-исплатните места односно деловните објекти на спортските обложувалници ќе работат само преку шалтерски систем.
„Со одлуката на Владата приемот на посетителите и работата на спортските обложувалници ќе биде исклучиво преку вршење на шалтерска услуга, а согласно истата, делот за угостителски услуги, шанковите во спортските обложувалници воопшто нема да работат. Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија ја следи состојбата со коронавирусот и целосно ги почитува протоколите за работа, како и одлуките на Владата за превенција од понатамошно ширење на вирусот“, информира АСОМ.
Асоцијацијата апелира до своите играчи во целост да се придржуваат до мерките за заштита од ковид-19.