![sofijanova](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/sofijanova.jpg?resize=640%2C413&ssl=1)
Аспасија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести, поднесе оставка од функцијата пратеник, дознава „Телеграф“.
Софијанова беше кандидат за пратеник на листата на ВМРО-ДПМНЕ за 1 ИЕ.
Оставката ја поднела вчера до собраниските служби.
„Да, дадов оставка. Но, јас и понатаму ќе продолжам да работам во интерес на децата и на целото население. Ќе останам со народот што ме гласал, ќе продолжам на сите да им помагам од позицијата на лекар“, рекла во својата изјава Софијанова.
Нејзиното место во Собранието ќе го заземе следната жена од листата на ВМРО- ДПМНЕ во Првата изборна единица, а тоа е Јасмина Дамчевска.