Широко распространетото лекарство „аспирин“, кое се користи како средство за спречување на појавата на тромбоза, ќе биде тестиран како можен лек против Covid-19 во едно од најголемите испитувања во Велика Британија.
Кај пациентите заразени со новиот коронавирус SARS-CoV-2 е зголемен ризикот од создвање крвни згрутчувања поради хиперактивните тромбоцити, крвните плочки важи за запирање на крвавењето.
Аспиринот е агенс кој дејствува антитромбозно и може да ја намали опасноста од згрутчување на крвта, се наведува во написот објавен во петокот на мрежната интернет страница www.recoverytrial.net
„Постојат јасни причини кои одат во прилог на тезата дека аспиринот би можело да биде корисен, а освен тоа и сигурен е, евтин е и широко достапен“, вели Питер Хорби, коавтор на истражувањето.
Речиси 2.000 случајно избрани пациенти би требало да примаат дневно по 150 мг „апсирин“ покрај вообичаениот режи.
Другите терапии кои се тестираат го вклучуваат вообичаениот антибиотик „азитромицин“ и коктелот од антитела на компанјата „Regeneron“ кој беше користен во лекувањето на симптомите на Covid-19 кај американскиот претседател Доналд Трамп.