Џастин Тимберлејк имал исклучително тешки први чекори на светската јавна сцена, а за тоа зборувал кога гостувал во емисијата на познатиот Грејем Нортон.
Пејачот одлучил да обелодени дека кон него летале шишиња со урина на настап во Торонто во 2003-та година. Тогаш настапувал со легендарниот бенд „Roling Stons“.
„Само се сеќавам дека му реков на бендот пред да излеземе на сцената дека мислам дека ова нема да помине добро. Така и беше“, рекол пејачот кој очигледно има баш добра интуиција.