Англискиот фудбалски Астон Вила се засили со напаѓачот на второлигашот Брентфорд, 24-годишниот Оли Воткинс, со кој потпиша петгодишен договор вреден 30 милиони евра, а со бонусите може да достигне 37 милиони евра.
Станува збор за рекорден трансфер во долгата историја на Астон Вила. Досега најскап беше тренсферот на бразилскиот напаѓач Бесли, за кој минатата година на Клуб Бриж му беа платени 25 милиони евра.
Воткинс кариерата ја започна во четвртолигашот Екстер Сити, а последните три години го носеше дресот на Брентфорд за кој минатата сезона постигна 26 погодоци, а клубот за малку не успеа да се пласира во Премиер лигата, а во решавачкиот натпревар загуби од Фулам.