Астон Вила го разби Арсенал, Сити и Ливерпул ремизираа па Лестер отиде на врвот

Астон Вила која со 7:2 пред неколку кола го прегази актуелниот англиски шамион Ливерпул, продолжува со одличните партии од почетокот на сезоната и во неделата во последниот натпревар од осмото коло на Премиер лигата во Лондон со чисти 3:0 го декласираше Арсенал.

Новата рапсодија на Астон Вила, овојпат на „Емирејтс“, започна уште во втората минута кога на гостите им беше поништен погодок поради, во најмала рака, дискутабилниот офсајд. Но Букајо Сака се погрижи во 25 минута неправдата да биде исправена погаѓајќи ја сопствената мрежа. Во вориот дел играч на мечот стана Оли Воткинс кој со два погодока за три минути, во 71 и 75-та, ги потопи „Топчиите“.

Астон Вила од седум натпревари сега е шеста со 15 бодови, но само три бода помалку од водечкиот Лестер кој ги одигра сите осум кола, додека Арсенал никако да се префрли во првата половина од табелата остана 11-ти со 12 бодови.

Во големото дерби на колото на дождливиот „Итихад“ Манчестер Сити и Ливепрул одиграа 1:1. Долгоочекуваниот судир на двете екипи чиишто соочувања последните сезони директно решаваа за првакот, сепак не донесе спектакуларен фудбал, а на крајот повеќе може да жали Сити поради нереализираниот пенал во финишoт од првото полувреме.

Ливерпул поведе во 13 минута откако Вокер го собори Садио Мане, а Мохамед Салах рутински ја реализираше најстрогата казна. Во првите половина час од мечот „Редси“ беа далеку подобриот тим на теренот, не реализираа уште две шанси за зголемување на водството, додека Сити беше неубедлив. Во 31 минута домашните сепак успеаја да израмнат од првата вистинска шанса, кога во противничкиот шеснаесетник одлично се снајде Габриел Жезус. Во 42 минута Сити доби пенал по ВАР-асистенцијата а Кевин Де Брујне од белата точка го испрати гостинскиот голман во левата страна, но топката отиде крај десниот дирек. Во вториот дел и двете екипи играа многу претпазливо ориентирајќи се првенствено да не примат гол.

Ремито во Манчестер најмногу му оди во полза на Лестер, кој е водечки со 18 бодови од осум натпревари и има бод повеќе од Тотенхем кој има и два од Ливерпул, додека Манечестер Сити е 10-ти со 12 бодови.

Сега водечкиот Лестер на домашен терен со 1:0 го совлада Вулверхемтон. Решавачкиот погодок на натпреварот го постигна најдобриот стрелец на „Лисиците“ Џејми Варди во 15 минута од пенал. Варди во 39 минута имаше шанса да го удвои водство на Лестер, но неовиот нов удар од белата точка овојпат го одбрани голманот Руа Патрисио. Вулверхемптон по поразот остана 9-ти со 13 бодови.

Во првиот неделен натпревар Хари Кејн во 88 минута му ги донесе трите бода на Тотенхем за втората табела на табелата на гостувањетот кај Вест Бромвич Албион. Најдобриот стрелц на „Спарс“ со глава го префрли домашниот голман Џонстон кој дотогаш беше ненадминлива пречка за гостинските играчи. За ВБА ова беше петти пораз сезонава и со три бодат остана на 18-то место.