„AstraZeneca“ ја подобрила својата вакцина против Covid-19, британскиот регулатор нема да брза

Англиско-шведската фармацевтската компанија „AstraZeneca“ пронашла формула која може да ја зголеми ефикасноста на вакцината за коронавирусот развиена заедно со Универзитетот Оксфорд, соопшти извршниот директор на компанијата Паскал Сорио, а истовремено британското министерство за здравство соопшти дека нема да брза со користењето и на основната варијанта на „оксфордската“ вакцина.

„Сметаме дека ја идентификуваме формулата за успех и сфативме како да постигнеме ефикасност којашто може да се спореди со другите по двете дози“, вели Сорио во интервјуто за весникот The Sunday Times.

Според научниците кои го развија препаратот на „AstraZeneca“, ефикасноста на вакцината достигнува 90 отсто откако на испитаниците им е дадена првата половина од дозата, а потоа по околу еден месеци и целата доза. Кога биле дадени двете полни дози во интервал најмалку од еден месец, ефикасноста на вакцината била 62 отсто, односно потполно била ефикасна 70 отсто.

Информациите за новата формула на вакцината и за нејзината зголемена ефикасност, Сорио ветува дека ќе бидат објавени во следниот период.

Британските медиуми во меѓувреме објавија дека од 4-ти јануари во Велика Британија ќе започне употребата на вакцината на „AstraZeneca“, но во неделата портпаролката на министерството за здравство порача дека на Регулаторната агенција за лекови и медицински препарати (MHRA) треба да ѝ се даде време за проверка на податоците за ефикасноста на „оксфордската вакцина“.

„Мораме сега на MHRA да ѝ се даде време да ја одработи својата важна работа и мораме да го почекаме нивниот совет“, рекла портпаролката, пренесе агенцијата Reuters.

Како што претходно во неделата објави The Sunday Telegraph, британската влада наводно се надева дека следните две седмици со првата доза од „оксфордската вакцина“ ќе вакцинираат два милиона луѓе или, пак, со вакцината на американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“. Весникот, исто така, наведе дека британскиот регулатор деновите би требало да ја одобри вакцината на „AstraZeneca“.

Велика Британија беше првата западна земја којашто започна со масовната имунизација на населението против коронавирусот со вакцината на „Pfizer/BioNTech. Истовремено, британската влада на нарача 100 милиони дози од вакцината на „AstraZeneca“, а до крајот на март треба да ѝ бидат испопрачани околу 40 милиони дози.

Британската влада пред десетина дена потврди дека во Лондон и во југоисточна Англија е откриен нов сој на коронавирусот кој е и до 70 отсто позаразен од основната варијанта на вирусот SARS-CoV-2. Во споменатото интервју за The Sunday Times, Сорио оценува дека вакцината на „AstraZeneca“ би требало да биде ефикасна и против новиот сој на коронавирусот.