„AstraZeneca“ разгледува учесниците во тестот за вакцина да ги изложи на коронавирусот

Извршниот директор на фармацевстската компанија „ AstraZeneca“, којашто развива вакцина против новиот короавирус во соработка со британскиот Универзитет Оксфорд, изјави во четвртокот дека е прерано целено да се изложат учесниците во тестовите на патогенот, но оти тоа може да стане опција доколку тестирањата наидеат на пречки.

Споменатата британска фармацевстска компанија минатата седмица ги запчна втората и третата фаза од развојот на вакцината, и за тестирањата бара околу 10.000 возрасни и деца во Велика Британија.

Одреден број од учесниците во тестовите ќе мора да бидат заразениво текот на својот секојдневен живот за да се добијат податоците во текот на траењето на студијата во наредните неколку месеци кои би биле веродостојни.

За ткн тестирање на луѓето научниците разговарале како за алтернативна опција, а дел од тој процес е волонтерите кои ќе ја примат вакцината намерно да се заразат.

„Се тркаме со времето. Гледаме дека во Европа болеста веќе опаѓа. Многу брзо нивото на болеста ќе биде ниско и ќе стане тешко, така што мораме да работиме многу брзи. Доколку заразата падне на ниско ниво, можеби ќе мора да се разгледаат намерните зарази. Но сметаме дека сега е прерано за тоа“, изјави извршниот директот на компанијата, Паскал Сорио, на онлајн брифинг со медиумите.

Многу компании и институти за истражувања во светот во моментов работат на развој на повеќе од 100 вакцини, од кои околу 10 се тестираат врз луѓе, за да се спречи ширењето на респираторната болест за којашто во моментов не постои лек, и од чии последици досега починаа околу 350.000 луѓе на планетата.

Сорио рече и дека еден тим од Оксфорд, кој во парли започнал со раните тестирања врз луѓе на вакцината, за да се утврди неговата сигурност и имунолошките одговори, веќе започнал да ги споделува своите почетни резултати.

„Наскоро би требало да ги видиме резултатите“, изјави Сорио.

Универзитетот Оксфорд соопшти дека пошироките истражувања би можеле да траат меѓу два и шест месеци, зависно од тоа колку уште учесници ќе се заразат со вирусот во текот на здравствените обиди да се задуши ширењето на заразата.