„АстраЗенека“ денес тема на дебата во СЗО – дали вакцината е ефикасна за лицата над 65 години?

За вакцината на Универзитетот Оксфорд и шведската компанија „АстраЗенека“ ќе се расправа на денешната панел дебата што ја најави Светската здравствена организација (СЗО), откако употреба на оваа вакцина е забранета во Јужна Африка, поради сомневањата дека не е ефикасна за лицата над 65 години.

Француските медиуми наведуваат дека истражувањето покажало дека оваа вакцина обезбедува „минимална“ заштита од инфекцијата со новиот сој на коронавирусот што првпат беше откриен во Јужна Африка, забавувајќи ја глобалната борба против пандемијата.

СЗО додава дека овој проблем многу посиромашните земји ги оддалечи од вакцинирањето со препаратот на „АстраЗенека“, што има логистичка предност во однос на конкуренцијата бидејќи не мора да се чува на многу ниска температура.

Јужна Африка набави 1,5 милиона вакцини од „АстраЗенека“, на кои рокот им истекува во април, но ќе бидат зачувани се додека научно не се утврди како точно делува препаратот.

Портпаролот на шведската компанија изјави дека нивниот истражувачки тим напорно работи на корекцијата на вакцината, за таа да биде ефикасна против новиот јужноафикански сој на коронавирусот.