Фудбалерите на Аталанта приредија изненадување пласирајќи се во полуфиналето од италијанскиот куп, откако на гостувањето ја победија водечката екипа во Серија А, Наполи со 2:1.
Гостите поведоа во 50 минута со голот на Тимоти Кастања, а на 2:0 зголеми одличниот Алехандро Гомеш во 81 минута. Малку надежи за домашните врати Дри Мертенс во 84 минута, но во преостанатото време Наполи не успеа да постигне гол за изедначување.
Аталанта во полуфиналето ќе игра против победникот од средбата Јувентус – Торино, којашто на распоредот е во среда.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Милан и Лацио. Милан на 27-ми декември во градското дерби го совлада Интер со голот во продолжението, во 104 минута кој го постигна Патрик Кутроне. Ден претходно Лацио со идентичен резултат ја совлада Фиорентина, со голот кој уште во 6 минута го постигна Сенад Лулиќ.
Првите натпревари од полуфиналето се играат на 31-ви јануари, а реваншите на 28-ми февруари.