Аталанта израмни рекорд на Серија А стар речиси 70 години

Allianz stadium in Turin, Italy, 11 July 2020. EPA/ALESSANDRO DI MARCO

Аталанта го израмни рекордот во елитното италијанско фудбалско натпреварување стар 68 години, бидејќи има тројца играчи кои во една сезона постигнале 15 или повеќе погодоци.

Словенечкиот играч од средината Јосип Иличич и колумбискиот центарфор Дуван Запата постигнаа досега по 15 голови, додека Луис Муриел, крилниот напаѓач од Колумбија постигна 17 погодоци.

Последната екипа којашто имала тројца играчи со најмалку 15 погодоци во една сезона е Јувентус, во натпреварувачката 1951/1952 година, кога тоа го оствариле Ермес Мучинели, Џампјеро Бонипети и Џон и Јохн Хансен.

Кога станува збор за петте најсилни европски лиги, тоа последен пат го остварил Пари Сен Жермен, во сезоната 2018/2019 година, а го постигна нивниот напаѓачки трилинг Нејмар, Единсон Кавани и Килијан Мбапе.

Аталанта во моментов е трета во Серија А со 67 бодови, бод помалку од второпласираниот Лацио, кој беше изненаден од Саусоло на свој терен (1:2) и девет од водечкиот Јувентус со кого одигра на гости 2:2 во натпревар во кој двапати водеше а актуелниот шампиот двапати израмнуваше преку проблематично досудени пенали, вториот во последната минута.

Созонава играчите на Аталанта постигнаа досега 87 погодоци во Серија А, односно 20 повеќе од водечкиот Јувентус, а до крајот останаа шест кола. И минатата сезона Аталанта беше третат во домашното првенство, но исто така со најмногу постигнати погодоци – 77.