Аталанта му го нанесе првиот пораз сезонава на Баер и ја освои Лига Европа

Фудбалерите на италијанската Аталанта од Бергамо ја освоија првата европска титула во историјата, откако во финалето на Лига Европа во Даблин во средата вечерта го совладаа новиот германски шампион Баер со 3:0 (2:0), со што на клубот од Леверкузен му го нанесоа првиот пораз во сезонава во сите натпреварувања.

Јунак на победата на Аталанта беше нигерискиот фудбалер Адемола Лукман, која ги постигна сите голови во ова финале. Тој во 12. и 26. минута ја затресе мрежата на Баер за 2:0, а во текот на офанзивата на противникот за намалување на заостанувањето во 75. минута погоди уште еднаш за да го потврди славјето на својот тим.

Со овој меч е прекината перфектната сезона на Баер кој, без разлика, може да биде задоволен од она што го постигна. Имено, популарните „Аптекари“ првпат станаа шампиони во Бундеслигата, а ќе играат и во финалето на националниот куо. Сепак, овосезонската серија на непобедливост престана во 52. одигран натпревар.

Италијанскиот фудбал може да добие уште еден европски победник оваа сезона бидејќи Фиорентина игра во финалето на Конференциската лига против Олимпијакос. Минатата сезона Севиља ја освои Лигата на Европа со победата против Рома.

Аталанта првпат во својата историја играше финале на едно европско натпреварување и веднаш го освои премиерниот трофеј. Севкупно, Аталанта ја освои првата титула од 1963 година кога го освои Купот на Италија. Од друга страна, со овој пораз Баер остана со само еден европски трофеј во историјата. Тој го освои Купот на УЕФА во 1988 година, денешната Лига Европа,а играше и во финалето на Лигата на шампионите во 2002 година.

Очекувано, натпреварот беше претпазливо отворен на двете страни, но играчите на Аталанта сепак почувствуваа поголема енергија. Фудбалерите од Бергамо почнаа од првата минута со висок притисок врз противникот, а поведоа по првата вистинска акција. Во 12. минута Запакоста ја проби десната страна на противникот и ја испрати повратна топка во противничкиот шеснаесетник. Паласиос прилично бавно реагираше на центаршутот, на кој Лукман се вовлече одзади и погоди за 1:0.

Почетниот погодок воопшто не го разбуди Баер, кој на теренот делуваше збунето и целосно безопасно. Фудбалерите од Леверкузен не можеа на вистински начин да стигнат пред гостинскиот шеснаесетник, а првиот удар на Баер го упати хрватскиот репрезентативец Јосип Станишиќ во 19. минута. Но, тоа беше едноставна работа за голманот на Аталанта, Мусо.

Аталанта продолжи со енергичната и полетна игра, а многу расположен беше нигерискиот играч Лукман кој го зголеми водството во 26. минута. Од врвот на шеснаесетникот Лукман упати многу прецизен и силен удар во спротивниот агол за 2:0. Пет минути подоцна повторно беше опасно пред голот на Баер, но одбраната реагираше пред Скамака.

Баер дури на крајот од првото полувреме посериозно пристапи кон противникот, но две-трите неубедливи акции беа само мала закана за тимот од Бергамо. Во 43. минута играчот на Аталанта Де Кетелаере се обиде со шут, но Ковар беше добро поставен, додека во самиата завршница на првото полувреме на спротивната страна се закани Џака.

Во вториот дел, Аталанта многу брзо го намали трчањето низ целиот терен, и повеќе се концентрираше на тоа да ја одбрани предноста од два гола. Првата голема шанса ја имаше Фримпонг во 59. минута, но неговиот удар помина високо над стативата. Таа јалова доминација на Баер продолжи, но на Германците не им донесе ништо.

Финалето дефинитивно беше завршено во 75. минута кога повторно блесна брилијантниот Лукман. Нигериецот ја прими топката од Скамака, го заниша ривалскиот играч и жестоко шутираше во спротивниот агол, а топката преку рацете на голманот на Баер отиде во мрежата за 3:0 за Аталанта. До крајот на натпреварот и двете екипи имаа по неколку прилики, но резултатот не се промени и можеше да започне големото италијанско славје во Даблин.