
Фудбалерите на Сасуоло врзаа две важни победи во италијанското првенство откако во саботата во рамките на 21-то коло на свој терен ја победија Аталанта со 1:0.
Аталанта крајот на мечот го дочека со двајца играчи помалку, откако во 30 минута во судијата го испрати во соблекувалната Јоаким Маеле а во шестата минута од судиското продолжение на натпреварот исклучен беше и Луис Муриел. Стрелец на погодокот вреден три бода беше Арманд Лауринете во 55 минута по одличниот соло пробив.
Пред шест дена Сасуоло како гостин го демолираше Милан со 5:„, и со овие две важни победи дојде до 15-то место на табелата со 23 бода, 10 повеќе од 18-та Верона која е првиот тим кој е во зоната испаѓање.
Аталанта, којашто се бори за пласман во Лигата на шампионите следната сезона остана петта со 38 бодови, колку што имаат и четвртиот Лацио и шестиот Милан, додека Вториот Интер и третата Рома ѝ бегаат за два бода. Во убедливо водство е Наполи со 53 бодови.
Рома бодовно се израмни со Интер откако претходно во саботата на својот „Олимпико“ остварија сигурна победа од 2:0 над Емполи. „Волчицата“ прашањето на победникот го реши уште на самото отворање на дуелот, со погодоците на Рожер Ибањез во 2 и на Тами Абрахам во 6 минута.
Рома собра досега 40 бодови, а Емполи остана 10-ти со 26 бодови.
Во првиот саботен натпревар Лече со 2:0 оствари гостинска победа кај Кремонезе кој и натаму остана на самото дно на табелата без ниедна победа досега со само осум бодови. Стрелци беа Федерико Басчирито во 58 и Габрел Стрефеѕа во 69 минута со чии голови Лече дојде до 14-то место со 23 бодови, пет повеќе од зоната на испаѓање од Серија А.