Забрзаната и непланска бетонизација на населбите допридонесува за недостатокот од места за паркирање кои предизвикуваат сообраќаен хаос низ населбите на општина Гази Баба, истакна Филип Анастасов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Гази Баба.
„Градоначалникот Борис Георгиевски, меѓу другите неостварени предизборни проекти, ветуваше и решавање на проблемот со паркирањето. Вети и изградба на катна гаража на улицата ‘Маџари’, катна гаража во комплексот на поликлиниката ‘Ченто’, катна и монтажна гаража во населба Автокоманда, паркиралиште во склоп на трговскиот центар ‘Маџари 1’, со рок за реализација до 2020 година“, рече Атанасов.
Го праша градоначалникот Георгиевски дали и кога планира да ги реализира предизборните ветувања.
„Дали некогаш проблемите на граѓаните на Гази Баба ќе му станат приоритет? Господине градоначалник добро е што вашиот мандат истекува, а уште еден нема да добиете. Граѓаните на Гази Баба ќе Ве казнат на претстојните локални избори“, порача Атанасов.