Атанасов вели целта на МЗТ е враќање во АБА лигата

Тренерот на македонскиот ракометен шампион Васко Атанасов е задоволен од ростерот што го има на располагање и вели дека очекува одлични резултати, особено во пловидбата низ јадранското друштво. Цел на тимот е пласман во силната АБА лига, иако знае дека мисијата нема да биде воопшто лесна.

„Имавме одлично лето, успеавме да ги задржиме најголем дел од кошаркарите. Управата ги исполни сите мои барања и заедно целиме кон сите трофеи во македонското првенство. Целите се секогаш високи, мотивацијата не изостанува, па заедно ќе се обидеме повторно да ги израдуваме сите наши верни навивачи. 

Утре играме против екипата на Теодо Тиват, по подолго време ќе играме во јадранското друштво пред нашата публика. Ги повикувам сите да дојдат во огромен број и да ни дадат поддршка за да го оствариме првиот триумф. 

Теодо е цврста екипа со квалитетен тим. Тие исто задржаа голем дел од минатогодишниот ростер. Долго се подготвувавме за овој меч и се надевам дека ќе прикажеме одлично издание.

Сакам да започнеме со победа и да го пренесеме позитивниот моментум и на првиот натпревар од домашното првенство, каде ќе се соочиме со ривалот од финалната серија, Пелистер“, вели Атанасов.

МЗТ Скопје ќе го пречека Теодо Тиват во мечот од првото коло во АБА2 лигата. Натпреварот во салата „Јане Сандански“ ќе се одигра на 24 септември, со почеток во 18:00 часот.