Поранешниот заменик министер за образование и наука, Петар Атанасов во своето гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 излезе со две објаснувања зошто земјата е оваа ситуација и дека има уште една „епска битка“ меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ што завршува на штета на граѓаните.
„Се прави една политичка драма. На локалните избори, СДСМ дожиева голем пораз и наместо мирно да се канализираат резултатите и последиците на ова што се случува, се билда нов конфликт. Секогаш има излез од ситуацијата, а за тоа се одговорни лидерите. Заев сам го констатираше својот политички крај, а потоа пресврт. Тој стана заложник на своето членство и на ДУИ и ‘жртва’ на Европската унија“, рече Атанасов.