Моментот пред пукањето. Атентаторот викал „Робо, дојди овде!“ и испукал неколку куршуми.
Фицо сега е на операција.
„Има прострелна рана во стомакот и раката. Во моментов е надвор од животна опасност. Ќе биде опериран“.
На видеото изгледа болно, словачката полиција како да не се ни обидела да го спречи пукачот… Таква рамнодушност може да се види на фотографиите и видеата… .
-Човекот кој пукаше во Фицо беше од словачкиот град Левице. Полицијата ги истражува неговите мотиви. Според последните информации, животот на Фицо не е во опасност.
Вучиќ и Орбан одат во Словачка да го посетат ранетиот Роберт Фицо.
Вучиќ и Орбан во следните два-три дена ќе патуваат за Словачка. Премиерот на Словачка Роберт Фицо е ранет денеска по седницата кога излегол на улица. Според неофицијални информации, Фицо е застрелан во градите и стомакот и е во тешка состојба, но неговиот живот е надвор од животна опасност.