„Атиџе и јас сме добри и безбедни“, откри Турунџиева дека ноќва се враќала од Истанбул

Пејачката Сузaна Турунџиева која со Атиџе Муратова деновиве престојувала во Истанбул, Турција, утрово објави на Фејсбук дека двете се добро и дека тие не патувале со автобусот кој доживеа трагична сообраќајна несреќа во која загинаа 46 лица.

Таа вели дека добила десетици загрижувачки повици, но дека патувала со автомобил преку Грција.

Тажно, многу тажно утро. Утрово како никогаш до сега телефонот ѕвонеше и нотификации стигаа на секои 2,3 секунди. Атиџе и јас сме добри и безбедни, ви благодариме за грижата.

Многу нѐ потресе веста за големата трагедија во која настрадаа наши и странски државјани и искрено сочувствуваме со семејствата на настраданите. Бог да им дава сила да ги издржат овие тешки денови“, напиша Турунџиева.