Атина ќе излезе од карантин

Портпаролот на грчката Влада Христос Тарандилис ја остави отворена можноста да не биде потребно продолжување на карантинот во областа Атика.

На денешниот редовен брифинг со новинарите Тарандилис рече дека досегашните податоци, една седмица по воведениот строг карантин во поширокиот регион на Атина, се позитивни, постои стабилизирање на ситуацијата и нема зголемување на бројот на хоспитализирани лица.

– Како што вчера рече министерот за здравство, резултатите што ги имаме покажуваат стабилизација на состојбата. Сакаме да веруваме дека ситуацијата ќе се подобри во следните деновите со резултат да нема продолжување на карантинот – рече Тарандилис.

Од минатиот четврток областа Атика, поширокиот регион на Атина е во строг карантин што ќе трае до 28 февруари.