Грчкото Министерство за економија, инфрастурктура, трговска морнарица ги демантира тврдењата кои се појавија во медиумите за недостиг на храна во земјата, јави ТАСС.
Пред референдумот во Грција на 5 јули, одделни европски медиуми и весникот „Гардијан“, објавија дека контролата врз движењето на капитал воведена од страна на грчките власти, предизвикал недостиг на храна и лекови во земјата.
– Во Грција има доволни количини храна и цените остануваат непроменети, се наведува во соопштението.
Министерството додава дека соработува со снабдувачите на стоки и оти се преземени сите можни мерки за обезбедување на стоки за широка потрошувачка во Грција.